Соиграчот на Ненад Димитријевиќ од редовите на Армани Милано, Леандро Болмаро (24), ќе отсуствува најмалку две недели поради повредата со која се здоби во финалето на Купот на Италија против тимот на Тренто.
Болмаро го повреди левото рамо, веднаш се виде дека повредата е сериозна, поради која ќе мора да отсуствува од терените во наредните две недели.
Кошаркарот, кој сезонава игра просечни 23:13 минути, забележувајќи 7,4 поени, 2,3 скока, 3,4 асистенции и индекс 10, сигурно ќе го пропушти натпреварот против Монако, а можеби и следниот против Фенербахче. Ова ќе биде одлична можност за Димитријевиќ да добие поголема минутажа на споменатите натпревари.