Репрезентативниот плејмејкер Ненад Димитријевиќ е во одлична форма од стартот на новата натпреварувачка сезона и веќе во континуитет е еден од најдобрите играчи на Олимпија Милано, а така беше и на дуелот против Скафати во рамки на италијанското првенство, меч кој неговиот тим го доби со 78:83.

Македонскиот репрезентативец имаше само едно промашување од линијата за три поени и запиша вкупно 13 поени. Тој постигна три тројки од четири обиди, беше совршен од линијата за слободни фрлања со учинок „4 од 4“, а притоа придодаде и два скока и три асистенции.

Поефикасен од него беше Американецот Брукс со 22 поени, па тие двајца беа најзаслужни за третиот триумф во четвртото коло во кошаркарската Серија А.