
Стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, Николо Барсела, е најновата желба на богатите сопственици на Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија е подготвен да понуди 70 мил. евра за обештетувањето на репрезентативецот на Италија, а фудбалските медиуми открија дека на играчот за врска веќе му е понудена годишна плата од најмалку 18 мил. евра.