Непотребна паника беше предизвикана бидејќи немаше чад, туку пареа од греењето, велат од туристичката компанија „Ројал травел“ во изјава за телевизија 21 откако нивни патници, сакајќи да излезат надвор, ги искршиле прозорците од автобусот кој се враќал од Грција, откако забележале чад.
„Надвор имаше пареа, немаше чад, само ги искршија стаклата и излегоа. Патниците ги фати паника, не сакале да завршат трагично, но всушност ништо не се случи. Во разговор сме и со членовите на семејството, немаме проблем со никого, сите велат дека нема проблем, само патниците предизвикаа непотребна паника“, нагласуваат од Ројал травел за ТВ21.
Во МВР нема пријави за овој случај.
ПАНИКА КАЈ ВЕЛЕС: Патници ги кршеле стаклата за да излезат од автобус во кој се појавил чад/ВИДЕО