Според договорот потпишан со грчкиот партнер, Македонија, поточно компанијата ЕСМ е обврзана за долгорочен закуп на преносниот капацитет, 15 години да плаќа по 300.000 евра месечно за закуп на капацитет за пренос на гас, сеедно дали се користи тој или не.

– Поради „паметните“ одлуки, ЕСМ секој месец плаќа по 300.000 евра и ќе плаќа 15 години за закуп на капацитет за гас што не го користиме. Користел – не користел, плаќаш, тоа се 3,6 милиони евра годишно. Го дознавме тоа кога почнаа да ни честитаат дека сме станале дел проектот „Александропули“, уште на 1 октомври минатата година. А ЕСМ и државата во моментов немаат ништо од тоа.  Прашање е што мислеле претходните – беше истакнато во петокот, на брифингот со новинарите во Министерството за енергетика

 

Македонија неподготвена се вклучи во проектот „Александропули“, од каде што треба да се снабдуваме со течен природен гас (ЛНГ), и скапо нè чини тоа. Според договорот потпишан со грчкиот партнер, Македонија, поточно компанијата ЕСМ е обврзана, според договорот за долгорочен закуп на преносниот капацитет, 15 години да плаќа по 300.000 евра месечно за закуп на капацитет за пренос на гас, сеедно дали се користи тој или не.

– Поради „паметните“ одлуки, ЕСМ секој месец плаќа по 300.000 евра и ќе плаќа 15 години за закуп на капацитет за гас што не го користиме. Користел – не користел, плаќаш, тоа се 3,6 милиони евра годишно. Го дознавме тоа кога почнаа да ни честитаат дека сме станале дел проектот „Александропули“, уште на 1 октомври минатата година. А ЕСМ и државата во моментов немаат ништо од тоа. Прашање е што мислеле претходните. Не знаеме чија идеја била ова, не била од ЕСМ, туку од многу погоре. Тогаш велеа, работете, мора да се спроведе тоа без испитување на пазарот, онака, без никаков бизнис-план, иако им било укажано дека не се влегува неподготвен во таков сериозен проект. Се одело да се спроведе по секоја цена – беше истакнато во петокот, на брифингот со новинарите во Министерството за енергетика.

За договорот преговараше владата на СДСМ и тој, пред пуштањето во употреба на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули на 1 октомври 2024 година, беше оценет од СДСМ како „визионерски“.

– На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули, проект во кој претходната влада предводена од СДСМ визионерски учествуваше од самиот почеток. Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот – беше тогаш истакнато од СДСМ.

Македонија допрва ќе треба да го гради гасниот интерконектор со Грција. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, најави дека договорот за изградба на гасниот интерконектор ќе биде потпишан до 10 мај годинава, по што веднаш ќе почне неговата изградба, која би требало да заврши за околу 22 месеца, односно официјално да биде пуштен во текот на 2027 година.

Што се однесува до изградбата на мрежата, беше кажано дека се изградени 99 проценти од мрежата, но проблем останува експропријацијата на останатото земјиште. Во наредниот период треба да се изгради гасоводната мрежа Гостивар – Кичево и Штип – Свети Николе. За ова ќе треба да се обезбедат кредити од ЕБРД.

Исто така, беше потенцирано дека продуктоводот со Грција е прикрај и дека се прават подготовки за оперативна употреба. Тоа е цевката од нафтоводот Скопје – Солун, преку која рафинеријата ОКТА до пред околу 12 години се снабдуваше со сурова нафта од „Хеленик петролеум“. Од „Хеленик“ оценија дека работењето на нафтоводот е нерентабилно и вентилот беше затворен. Овој инфраструктурен проект е изграден во 2002 година, долг е 213 километри, а има носивост на транспорт од 2,5 милиони тони нафта на годишно ниво.

Сега, преку цевката, која ќе стане продуктовод, ќе се транспортира дизел-гориво.

– Претходно цевката имаше решение за ставање надвор од употреба, бидејќи беше нафтовод за транспорт на сурова нафта, а со пренамената за транспорт на дизел се планираа да се пренесуваат 400 илјади тони годишно. Се чека техничката инспекција да донесе решение за ставање во употреба. Недостига уште тој документ – техничко решение за ставање во употреба кога има пренамена на опрема под притисок – информираа од Министерството за енергетика.

„Вардакс“ е компанија што е сопственик на нафтоводот и подружница на грчки „Хеленик петролеум“. Според нејзините планови, освен македонскиот пазар, дополнително ќе снабдува дел од Јужна Србија и евентуално Косово. Министерката Божиновски вели дека Македонија сака да стане регионален хаб.

– Нас ќе треба да ни плаќаат за транспорт и за таа цел ќе има царинска експозитура на влезот во Грција и во Скопје. Веќе се договорија со нашата Царинска управа и беше направена законска измена за таа цел – истакна Божиновска.  

(С. Бл.)

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ