Иран по победата на Трамп: „Нема значајна разлика, односите се непроменети“

46
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Иранската влада соопшти дека „нема значајна разлика“ во тоа кој ќе стане претседател на САД по победата на Доналд Трамп.

„Портпаролката на иранската влада Фатемех Мохаџерани потврди дека општите политики на Иран и САД се конзистентни“, објави агенцијата Тасним, ирански државен медиум поврзан со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, пренесе Индекс.

Мохаџерани додаде дека „потребните мерки се однапред планирани“, се вели во извештајот на агенцијата Тасним.

Мохаџерани исто така изјави дека изборот на претседател на САД „нема никаква врска со Иран и дека генералните политики на САД и Иран се непроменети“, пренесе Тасним.