Нема веќе издавање „стан за ден“ во Хрватска: Крај на апартманизација на становите!

690
Фото: N1 screenshot

Хрватската Влада стави крај на т.н. апартманизација на становите, претворањето на стан во апартман нема повеќе да биде лесно. Измените на Законот за управување со згради се обидуваат да ги ограничат краткорочните изнајмувања, познати како „стан за ден“, особено за туристите и странските работници.

„Со овој закон ќе се регулира прашањето за становите за краткотрајно издавање во станбени згради и за нивно издавање на работници, каде во иднина ќе треба да се собере согласност од 80 проценти од сосопствениците и непосредните соседи. Ова го препознавме проблем и сакаме да го решиме“, изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

А, проблемот вели дека во Хрватска во моментов има повеќе од 900.000 станови, кои не се тоа… Според податоците на ДЗС и ХЕП, има 565.000 празни станови.

Краткорочно, до 30 дена се издаваат 231.000 станови, 112 илјади се пренаменети за деловни цели за ординации, адвокатски канцеларии, разни салони… Накратко – 40 отсто од становите во Хрватска не се користат за домување!

„Имаме енормен број на празни станови кои се користат за други намени. Како резултат на тоа се намалува понудата на станови на пазарот, се зголемува цената на метар квадратен, а од друга страна се зголемува и киријата. Ова е неодржливо“, изјави Бранко Бачиќ, потпретседател на Владата на Република Хрватска.

Од 30.000 нови туристички легла во приватно сместување за само 8 години во Загреб, Сплит и Дубровник – најголемиот број има токму во станбените згради, или 80 проценти и тоа е сместување со три ѕвезди.

„Тоа се мали приходи кои се сведуваат во просек од 20 до 30 евра по кревет, што генерира структура на гости со најнизок платежен капацитет кои сакаат да ја искористат финансиската предност на таквото сместување и на овој начин се влошува квалитетот на живот на станарите што живеат таму“, вели Тончи Главина, хрватски министер за туризам, а пренесува Н1.

Не профитира туризмот, не профитира станбената заедница, туку станоиздавачите. Поделени се реакциите во јавноста, особено поради практиката да се сместуваат голем број странски работници во станови. Со овој закон се дефинира наемот на станови за странските работници кои се сместуваат во вакви станови и тоа за повеќе од четворица, кои не се во сродство. Тоа нема да функционира без согласност на 80 отсто од косопствениците на станови во зградата.