Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, дециден е Мицкоски

37

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали е планирана реконструкција на Владата пред локалните избори, премиерот повтори дека Владата функционира обединето и единствено.

– Односите во Владата се коалициски одлични, рече Мицкоски.

Изминатите денови дел од медиумите објавија за превирања во коалицијата од албанскиот политички блок „Вреди“ и напуштањето на министерот за здравство Арбен Таравари од оваа коалиција. Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата „Вреди“ во изјава за медиумите прашан какви се односите меѓу политичките субјекти внатре во коалицијата „Вреди“, рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, за којшто рече „гледа можност за соработка со ДУИ“.

-Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Вреди е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми којшто гледа можност за соработка со ДУИ е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Вреди ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Влен и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно, нагласи Меџити.

Викендот, Таравари пред почетокот на партиското Собрание што се одржа во Гостивар, рече дека Алијанса за Албанците е дел од коалицијата „Вреди“ и дека ќе се трудат до крај да најдат решение, ако не, сами ќе одат на избори. Таравари децидно негираше можно коалицирање со поранешниот сопартиец Зијадин Села.

 

ИЗДВОЕНИ