„Нема простор за преговори“: Од денеска стапуваат на сила царините од 25 отсто за Канада и Мексико

193

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека најавените тарифи од 25 отсто за Мексико и Канада ќе стапат на сила денеска, додавајќи дека двете земји и американските трговски партнери „немаат простор“ да преговараат понатаму за ова прашање.

Трамп нагласи дека царините служат за „казнување“ на земјите кои, како што рече, земаат од американската економија и не и враќаат доволно, пренесува Си-Ен-Ен.

Претходно вчера, советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро, рече дека воведувањето царини за други земји нема значително да ја зголеми инфлацијата во САД.

Трамп минатата недела и се закани на Кина со дополнителни царини од 10 отсто, кои исто така треба да стапат на сила во вторник, со што вкупните царини ќе достигнат 20 отсто.

ИЗДВОЕНИ