Во некои делови од главниот град врнежите од дожд полека почнуваат да преминуват во снег.
Како што беше најавено од УХМР, во Скопје денеска ќе има врнежи, кои на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, особено на околните планини. Слабо провејување на снег би можело да има и во делови од пониските делови од котлината. И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен северен ветер (над 60 км/час).
Поради продор на многу ладен бран директно од Сибир, во Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени.