Русија нема да води никакви преговори за контрола на оружјето со САД додека Вашингтон не се откаже од својот антируски курс, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Со оглед на екстремното антируско расположение на сегашните американски власти, во моментов нема услови за стратешки дијалог со Вашингтон“, рече Лавров во интервју за РИА Новости.