Нема повеќе листи на чекање за упис 

274

Заврши доградувањето на детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. На означувањето на завршетокот, денеска присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека овој објект е со капацитет за шеесетина дечиња и дека инвестицијата е обезбедена комплетно од средства со кои располага Општината.

– Опремена е со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи еден заеднички проект и навистина мислам дека ваквите проекти ја враќаат довербата дека не се сите исти и дека може поразлично, секој ден – нов проект, секој ден – ново изборно ветување, секој ден – ново очекување на граѓаните што е испорачано – изјави Мицкоски.

Тој му честиташе на градоначалникот на Општина Илинден, Алексндар Георгиевски, за исклучително брзата реализација на ова изборно ветување.

– Со реализирањето на ова ветување, практично во Општина Илинден ќе нема повеќе листи за чекање за упис во градинка, односно сите дечиња што ќе имаат потреба од сместување во објектите овде, во градинките во Општина Илинден, ќе бидат сместени – заклучи Мицкоски.