Според градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, не станува збор за некаков еколошки инцидент, туку секоја година, пред почетокот на сезоната, се појавуваат такви дезинформации за да му се наштети на Дојран.
– Во овој период, рибата се мрести и примероци од неа што не може да се мрестат, едноставно умираат, односно пукаат, бидејќи не може да ја исфрлат икрата. Квалитетот на водата постојано се испитува. Таа е со добар квалитет. Со изградбата на пречистителната станица, која набргу ќе ја пуштиме во употреба, квалитетот на водата во езерото ќе биде уште подобар – изјави Ангов
Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, ги демантира информациите дека на брегот на езерото, на потегот од Нов до Стар Дојран, се појавиле бела пена, мртви риби и ракови.
Според него, не станува збор за некаков еколошки инцидент, туку секоја година, пред почетокот на сезоната, се појавуваат такви дезинформации за да му се наштети на Дојран.
– Во овој период, рибата се мрести и примероци од неа што не може да се мрестат, едноставно умираат, односно пукаат, бидејќи не може да ја исфрлат икрата. Квалитетот на водата постојано се испитува. Таа е со добар квалитет. Со изградбата на пречистителната станица, која набргу ќе ја пуштиме во употреба, квалитетот на водата во езерото ќе биде уште подобар – изјави Ангов.
Според жителите на Дојран што се занимаваат со риболов, умрената риба е од видот караш и секоја година се случува примероци од неа да завршат на брегот поради немоќност да ја исфрлат икрата, поради повреди нанесени од птици или, пак, од раните што си ги нанесуваат една со други во фазата на мрестот. Додаваат дека не се случува тоа со другите видови риба, туку само со карашот, кој не е автохтон за Дојранското Езеро, додека за појавата на бела пена на брегот велат дека се создава од брановите.
Инаку, последниве денови, нивото на водата на езерото постојано се зголемува поради полнењето по природен пат и од хидросистемот „Ѓавато“. Според завчерашните мерења на УХМР, нивото на водата е 52 сантиметри под договорениот минимум, што е за 17 сантиметри повеќе во споредба со декември лани.