Кина не сака трговска војна со САД, но ќе биде принудена да се приклучи на борбата доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да ги ескалира трговските тензии, соопшти во средата нејзиното Министерство за трговија.
„Нема победници во трговската војна“, се вели во соопштението на Министерството. „Кина не сака, но владата никогаш нема да дозволи легитимните права и интереси на кинескиот народ да бидат повредени или одземени.
Трамп воведе царини од 104 отсто за Кина, а Пекинг го нарече потегот уцена и најави одговор.
„САД ги користат царините како алатка за создавање максимален притисок за себични цели – тоа се класичен унилатерализам, протекционизам и економско малтретирање“, рече портпаролот на Министерството.