Нема ограничувања на брзината на автопатот во Германија, колку брзо се вози?

2186

Во Германија има делови од автопатот без ограничувања, но тоа автоматски не значи дивеење без никаква контрола. На оваа тема се осврна Институтот за германска економија во Келн (IW), а според нивните податоци, возачите на овие делници возат со просечна брзина од 113,5 km/h.

Како што додава институтот, има голем број на автомобили кои возат околу 130 km/h, најверојатно со помош на темпомат.

За четири месеци минатата година, IW следеше податоци за брзините на автомобилите што минуваат покрај мерните станици. Вкупно имало 1,9 милијарди возила, а 83% од нив се движеле побавно од 130 km/h, додека 10% од нив се движеле помеѓу 130 km/h и 140 km/h.

Забележано е дека околу 1% од автомобилите одат со брзина поголема од 160 km/h, а дури и при идеални услови за возење, брзините главно биле помеѓу 100 km/h и 130 km/h.

Сите податоци покажуваат дека Германците возат малку побавно од претходните години – според слични студии, во 2021 година просечната брзина била 116,5 km/h, а во 2022 година брзината била 115,2 km/h.

ИЗДВОЕНИ