“Нема надеж за оваа генерација“: Видео од девојка која прави селфи на паркинг го запали интернетот

303

На платформата Х (поранешен Твитер) е објавено видео од девојка која прави селфи на паркинг, која за неколку дена била прегледана повеќе од 20 милиони пати.
Покрај видеото беше напишана порака: „Нема надеж за оваа генерација“.

На снимката се гледа девојка која стои покрај автомобил и прави различни пози додека се фотографира. Еден детал, сепак, на сите им паѓа во очи.

Зад неа е мало девојче кое само се симнува по скалите и во еден момент исчезнува од погледот.

Не е познато дали се работи за мајката на детето, или можеби за бебиситерка, но голем број корисници го критикуваа ваквото однесување, пренесува Телеграф.

 

„Госпоѓо, едно дете се спушта по темни скали, а вие се сликате за Инстаграм“, напиша едно лице.

„Што гледам?! Ова ме лути толку, социјалните мрежи се вирус, а оваа девојка е срамота“, додаде друг.

Повеќето коментираа дека детето се симнувало по скали без надзор, а некои се обиделе да укажат на проблемот на општеството во целина.

„Еден човек не претставува генерација и не треба така да се гледа. Ако ние како општество почнеме да бојкотираме ваков тип на содржини, тогаш најверојатно креаторите ќе се променат. За жал, ова е најлесниот начин да стекнете слава, лајкови, следбеници… И тоа е проблемот“, смета еден корисник.