Нема „лабаво“ со Бен Афлек: Синот му побарал 6.000 евра за патики, но добил неочекуван одговор: „Јас имам пари, ти си шворц“

2634

Актерот Бен Афлек е сред љубовни драми со поранешните сопруги, но успеа да го сврти вниманието кон него како татко.

Имено, неговиот син Семјуел (13) побарал од него да му купи скапи патики Dior Air Jordan 1, кои имаат вртоглава цена. Но, одговорот на Бен изненади и им се допадна на повеќето.

Најпрвин Бен му рекол дека може да коси трева и да заштеди пари за да ги купи, а еве како се одвивал разговорот:

– Одеднаш веќе нема да му биде гајле за патиките. Не знам што некому ќе му направат толку скапи чевли или патики – истакна Афлек.

Синот потоа го прашал: „Што е проблемот кога имаме пари?“, на што актерот на шега и накратко му рекол:

– Јас имам пари. Ти си шворц.

Патиките се „лимитед едишн“, односно ограничено идзание пуштено во промет во 2020 година и првично чинеа 2.000 долари пред да станат колекционерски предмет.

– Ти се допаѓаат бидејќи се скапи патики – рекол Афлек. На тоа, Семјуел тврдел дека секогаш му изгледале убаво.

„Не! Секогаш велев дека изгледаат добро!“, го демантираше татка си Семјуел додека ги меркаше сиво-белите патики.

Покрај Семјуел, Афлек ги има децата Вајолет (19) и Серафина (16) со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

ИЗДВОЕНИ