Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, спектакуларно го совлада Шпанецот Карлос Алкараз, во четвртфиналето на Австралија опен, избори пласман во полуфиналето против Саша Зверев и уште поважно, испрати порака до сите дека сè уште е на врвот.
Најдобриот тенисер на сите времиња е 15 години и 17 дена постар од Карлос Алкараз и му го нанесе вториот тежок пораз во последните шест месеци, бидејќи го победи третиот тенисер во светот по финалето на Олимписките игри во Париз и во четвртфиналето на единствениот грен-слем турнир што го нема освоено.
Во пресрет на турнирот, многумина го истакнаа фактот дека потрагата на Новак за титулата е практично „невозможна мисија“ – никогаш во Опен ерата, која започна во април 1968 година, не се случило истиот тенисер кој го освоил грен-слемот да ги победи третиот, второпласирана и првопласирана на АТП листата. А Новак ќе мора да го направи токму тоа во Мелбурн.
Карлос Алкараз пристигна во Австралија како трет тенисер во светот, Александар Саша Зверев е актуелен вицешампион и според Новак го игра „најдоброто во кариерата“, а Јаник Синер е доминантен број еден со месеци. Новак ќе мора да го победи секој од нив и да испише историја против тенисери кои се помлади од него 15 години (Алкараз), девет години и еден месец (Зверев) и 14 години и три месеци (Синер).
Како успеа да го елиминира Алкараз? Играјќи во свој, воин стил и покрај повредите и физичките проблеми, покажа дека е голем шампион. По мечот Ѓоковиќ му оддаде признание на Алкараз, па го гушна Енди Мареј, и го советуваше Карлос следниот пат да ја заснова тактиката на својата игра, а не на движењата на противникот.
Новак на прес-конференцијата по натпреварот го отвори срцето и призна дека е свесен дека сакаат да го „откажат“ бидејќи доаѓа од Србија.
Ноле во полуфиналето ќе ги одмери силите со Германецот Александар Саша Зверев, кој пристигна во Мелбурн за својот прв грен-слем трофеј, а доколку победи во финалето најверојатно ќе се сретне со бранителот на титулата Италијанецот Јаник Синер.