Од 3 февруари, понеделник, Меѓународниот Аеродром Скопје станува тивок аеродром. Тоа значи дека нема да се објавуваат дополнителни гласовни најави за летови преку разгласот, освен пред почеток за качување во авион (бординг) кај Излезите.
– Затоа, ги замолуваме и апелираме до сите патници да ги следат екраните и мониторите каде се прикажани информациите за летовите, картата за качување во авион и сите известувања што ги добиваат за нивниот лет од авиокомпанијата со која патуваат. Веруваме дека намалената бучава дополнително ќе го подобри патничкото искуство на аеродромот – известуваат од Скопскиот аеродром.