Неколкудневните протести во Турција за поддршка на уапсениот градоналник на Истанбул не изостанаа ни денес

27
Фото:EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Во повеќе градови во Турција веќе неколку дена се одржуваат протести за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу. Полицијата во Истанбул искористила солзавец против демонтстрантите кои се наоѓаат кај Валенсовиот аквадукт.
Турското министерство за внатрешни работи претходно денеска соопшти дека Имамоглу е сменет од должноста откако турскиот суд официјално го упаси под обвинение за корупција.
Се очекува градското собрание на Истанбул, каде што главната опозициска Републиканска народна партија има мнозинство, да избере вршител на должоста во следните неколку дена, по смената на Имамоглу.
Тој беше притворен во среддата поради обвиненија за корупција и помагање на терористичка група, но ги негираше обвинен ијата, нарекувајќи ги незамисливи клевети.
Имамоглу е клучната опозициска личност и потенцијален противник на претседателските избори на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турската влада негираше какво било влијание врз апсењето на Имамоглу, наведувајќи дека правосудството е независно, пренесувс „Спутник“.

 

ИЗДВОЕНИ