Неколку лица се повредени во напад со нож во Западен Берлин, минувачи го совладале напаѓачот

34

Неколку лица се повредени во напад со нож во Западен Берлин, соопшти во вторникот германската полиција.

Маж нападна неколку луѓе на улица во западниот округ Шарлотенбург, изјави портпаролката на полицијата, додавајќи дека две жртви се хоспитализирани.

Службите за итни случаи биле известени за нападот непосредно пред пладне на Нова година. Осомничениот е уапсен и приведен.

Весникот Б.З. пишуваат како неколку минувачи го совладале напаѓачот откако го започнал нападот. Тој медиум пишува дека засега нема индиции за терористички мотив.

Полицијата не соопштува детали за инцидентот, ниту за жртвите, а истрагата е во тек, се земаат изјави од сведоци, пишува dpa.

ИЗДВОЕНИ