
Реал (М) загуби со 5:2 од вечниот ривал, тимот на Барселона, во финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп. Позицијата на Карло Анчелоти како главен тренер на тимот не е разнишана, но тој ќе биде сменет доколку крајот на сезоната не го дочека ниту со титулата најдобар тим во шпанското првенство или со пехарот во Лигата на шампиони.
Шпанскиот весник „Релево“ пишува дека група незадоволни играчи се бунеле во соблекувалната на Реал (М). Тврдат дека Анчелоти се однесува грубо со нив, но е многу нежен со некои други играчи: „Некои играчи на Реал не се задоволни од Анчелоти. Мислат дека тој е нежен со некои играчи, а многу груб со други“, пишува „Релево“.
Меѓу незадоволните играчи се и Арда Ѓулер и Ендрик, тврди истиот извор. Турчинот и Бразилецот играат малку под негово водство, а Италијанецот постојано им ветува минутажа, но нема доверба во нив на важните натпревари. Доколку Реал реши да го замени Анчелоти, веднаш ќе тргне по Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.
Трофејниот шпански стручњак беше во бележниците на европските гиганти, особено на Баерн (М) и Реал (М) како нивни поранешен славен играч и пред брилијантно завршената работа во Леверкузен, со кој ја освои титулата во Бундеслигата. Поранешниот играч за врска играше за „кралскиот клуб“ од 2009 до 2014 година и со него освои трофеи во Лигата на шампионите, Ла Лига, Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп.