Голем број земји се обидоа да ги мотивираат своите олимпијци со парична награда, но има и такви кои останаа со прстот во уста.

На Олимписките игри беа доделени 1.044 медали, а најголем дел од освојувачите на медали за постигнатото добија и парична награда од својата земја, покрај најголемото спортско признание и животните спомени.

Српските спортисти, кои се вратија од Париз со медал беа богато наградени, па така Александра Перишиќ, која го освои среброто доби 100.000 евра, кошаркарите беа наградени за бронзата по 60.000 евра, што значи, вкупно Србија за парични награди на своите спортисти издвоила дури 4.780.000 евра.

Интересно, за разлика од нашиот северен сосед, кој беше еден од најдарежливите во светот, има земји кои не ги наградија финансиски своите спортисти.

Верувале или не, големите сили како Шведска, Велика Британија и Норвешка не одвојуваат пари од своите буџети за освојувачите на медали, па дури 84 спортисти не добиле ништо за освоениот медал.

Британците се трети по вкупниот број медали на Олимписките игри. Имаат 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени медали, вкупно 65 медали.

Швеѓаните освоија 11 медали – четири златни, четири сребрени и три бронзени. Сепак, Дуплантис и неговите сонародници нема да добијат ништо за успехот.

Ист е случајот и со Норвежаните кои имаат четири злата, едно сребро и три бронзи. Златен во оваа земја беше Јакоб Ингебригтсен.