Требаше ли да се случи трагедија за институциите да се разбудат од зимскиот сон? Со години се пали Вардариште, досега не презедоа ригорозни мерки, во Горно Лисиче, исто така, се пали подолг период. Оправдувањето беше: нема кој да се казни. Оние што ги палат депониите, треба да се фатат на самото место. Или тие немаат документи за идентификација, па нема на основа на што да им се напише глоба. Но затоа во неделата, кога беше забележан оган од поголеми размери во близина на алпинистичката карпа во Карпош, во непосредна близина на бетонската база на „ЕНГ Бетон“ (на кејот на реката Вардар), по јавување од граѓанин, општинските инспекциски служби веднаш реагираа и ги известија службените лица од полициската станица Карпош и го пријавија случајот и во противпожарните единици. Притоа, во најкраток можен рок, надлежните излегоа на терен и го локализираа пожарот. Воедно, сторителите се фатени како палат на самото место и ќе бидат санкционирани. Од Град Скопје, исто така, повеќе пати досега напоменуваа дека покрај нивните инспекциски служби, кои, како што велат, постојано вршат контроли на територијата на Градот, има уште вкупно 14 институции што имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните
Деновиве, инспекторите се растрчани на терен. Се интервенира брзо и навремено, и тоа во повеќе области. Се чешлаат угостителските објекти, зградите и навреме се реагира за палењето депонии, кое е секојдневен проблем.
Требаше ли да се случи трагедија за институциите да се разбудат од зимскиот сон? Со години се пали Вардариште, досега не презедоа ригорозни мерки, во Горно Лисиче, исто така, се пали подолг период. Оправдувањето беше: нема кој да се казни. Оние што ги палат депониите, треба да се фатат на самото место. Или тие немаат документи за идентификација, па нема на основа на што да им се напише глоба.
Но затоа во неделата, кога беше забележан оган од поголеми размери во близина на алпинистичката карпа во Карпош, во непосредна близина на бетонската база на „ЕНГ Бетон“ (на кејот на реката Вардар), по јавување од граѓанин, општинските инспекциски служби веднаш реагираа и ги известија службените лица од полициската станица Карпош и го пријавија случајот и во противпожарните единици. Притоа, во најкраток можен рок, надлежните излегоа на терен и го локализираа пожарот. Воедно, сторителите се фатени како палат на самото место и ќе бидат санкционирани.
Од Град Скопје, исто така, повеќе пати досега напоменуваа дека покрај нивните инспекциски служби, кои, како што велат, постојано вршат контроли на територијата на Градот, има уште вкупно 14 институции што имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните.
Последно, инспекторите на Град Скопје, при вршење вонреден инспекциски надзор во околината на населеното место Драчево, на улицата „Јустинијан“, затекоа камиони како истураат огромни количини отпад на приватна дива депонија на територијата меѓу Општина Кисела Вода и Студеничани. Станува збор за дива депонија со површина од 5.000 квадратни метри, на приватен имот.
При вршење вонредна контрола, затечена е фирмата „ГО-ИВА Бетон“ како фрла отпад со тешки товарни возила, што е спротивно на Законот за управување со отпад и на Законот за заштита на животната средина.
– Повторно некој свесно и за профит ги труе скопјани и по неколкудневно следење, сторителите се фатени на самото место – нагласија тогаш градските власти.
Претходно, пак, во Општина Сарај, градските инспектори затекоа запалена дива депонија составена од опасен отпад и од градежен шут. Пожарот беше локализиран по брзата интервенција од Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително беа затечени палења на стрништа во Крушопек и во Лака, при што сторителите се санкционирани.
Само со постојани инспекциски контроли на терен 24 часа, може да се намали аерозагадувањето. Исто така, неселективно треба да им се изрекуваат казни на сите што не го почитуваат законот.
Дали извлековме поука од оваа трагедија, како треба сите институции совесно и одговорно да си ја вршат својата работа, останува на времето да покаже.
(А. П.)