Некогаш го користеле за предизвикување абортуси, а денес е најприсутниот зачин во секојдневните јадења

51
Фото:пекселс

Во минатото, маслото од магдонос имаше една, не толку убава цел: се користела за предизвикување абортуси.

Во трката за „отровно растение“ на годината вторпат по ред победи растение кое секојдневно го користиме во исхраната. Згора на тоа, многу од вас би го вклучиле на листата на најздрави намирници.

Имено, ботаничката градина Вандсбек го прогласи магдоносот за најотровно растение оваа година. Ни помалку, ни повеќе. Минатата година тоа беше омиленото растение во секојднената исхрана – компирот.

Сепак, не треба да го фрлате целиот магдонос, свеж и сушен, што го имате дома бидејќи листовите и корените кои најчесто ги јадеме не претставуваат никаква опасност. Напротив, содржи многу витамин Ц, кој е важен за спречување на настинки, пренесува Фрухтандел.

Не знаеме дали знаевте дека магдоносот е двегодишно растение, па неговата „темна“ страна се појавува дури во втората година. Во втората година се развиваат цветни стебленца од 30 до 70 см, а од нив се развиваат незабележителни жолто-зелени цветови. Цветовите не се за консумација, ниту семките бидејќи содржат масло од магдонос.

„Мажите на коњ, жени под земја“

Маслото од магдонос содржи апиол, кој делува на мазните мускулни влакна на мочниот меур, цревата и матката. Така, во минатото, неговото масло имало една, не толку убава цел: се користело за предизвикување абортуси.

Германците тоа најдобро го објасниле со еден свој израз: магдоносот ги става мажите на коњ, а жените под земја. Односно, магдоносот за посилниот пол е афродизијак.

Неговото масло содржи уште една токсична состојка, миристицин, која делува на централниот нервен систем и предизвикува некои видови на напади. Исто така, мора да ги споменеме и ксантотоксинот и бергаптенот, кои се фототоксични и реагираат на светлина и можат да предизвикаат кожни лезии.

ИЗДВОЕНИ