
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Брендон Вилијамс (24), се изјасни за виновен за опасно возење откако на 20 август 2023 година учествуваше во сообраќајна несреќа на автопатот кај Хендфорт. На некогаш големиот талент му се заканува затворска казна од две години, пишуваат англиските медиуми.
Вилијамс возел „ауди А3“ со брзина од 159 километри на час кога изгубил контрола над возилото, се судрил со „форд фиеста“ и се забил во ограда. Тој беше уапсен по укажаната лекарска помош и се соочува со пресуда на 9 мај. Очевидци изјавиле дека додека возел имал балон во устата, а сопатничката го снимала. Полицијата веднаш му направила алкотест кој бил негативен.
Вилијамс помина низ младинската академија на Манчестер Јунајтед и стапи на сцената кога клубот го менаџираше норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскер. Како лев бек одигра 51 натпревар за тимот од „Олд Трафорд“, при што постигна еден и асистираше за еден гол.
Во текот на сезоната 2021/2022. беше на позајмица во Норвич Сити, а во 2023/2024 г. во Ипсвич Таун. Во јуни минатата година, Манчестер Јунајтед објави дека Вилијамс ќе го напушти клубот по крајот на неговиот договор. Неделно заработувал околу 75 илјади евра, а забележа и еден настап за англиската репрезентација до 21 година. И покрај солидната фудбалска биографија, Вилијамс моментално е без клуб.