Нејзините нереални сини очи ги освоија мажите ширум светот: Ја споредуваа со Меган Фокс

420

Александра Дадарио често важи за една од најубавите актерки во Холивуд, а нејзините впечатливи сини очи станаа нејзин заштитен знак.

Почнала да глуми уште како тинејџерка, а потекнува од угледно семејство и има брат Метју, кој исто така е актер.

Иако светската слава ја стекна со улогата на Анабет Чејс во серијата „Перси Џексон“, нејзината кариера продолжи да расте благодарение на филмските проекти како што се „San Andreas“, „Baywatch“ и „Texas Chainsaw 3D“.

Најголемата пресвртница во нејзината кариера се случи во серијата „Белиот лотос“, каде нејзината изведба и донесе номинација за наградата Еми.

Во 2022 година, таа се омажи за 18-години постариот продуцент Ендрју Форм. Обожавателите беа воодушевени од нејзината романтична венчавка во Њу Орлеанс, која изгледаше како нешто од бајките. Во 2024 година, парот доби дете чиј пол сè уште е непознат за јавноста.

ИЗДВОЕНИ