Неимар во боксерици преговарал со германскиот гигант

70
epa11867191 Brazilian striker Neymar (C) waves during his presentation as a new Santos player at the Vila Belmiro stadium in Santos, Brazil, 31 January 2025. Brazilian striker Neymar was officially presented with Santos in front of thousands of fans. EPA-EFE/SEBASTIAO MOREIRA

Бразилската фудбалска ѕвезда Неимар (33) ја шокираше јавноста откривајќи дека бил блиску до преселба во Баерн (М) од Сантос, на иницијатива на Пеп Гвардиола. „Откако ја освоив наградата Пушкаш, татко ми постојано ми се јавуваше во 2 часот по полноќ. Кога одговорив, тој ми рече да ја отворам вратата…“ се присети Неимар и продолжи:

“Бев во моите боксери! Татко ми, Пеп Гвардиола и еден преведувач беа таму на видео повикот за да започнат преговори со мене”, откри 31-годишниот Бразилец. Искусниот напаѓач својата професионална кариера ја започна во бразилски Сантос каде настапуваше од 2009 до 2013 година.

После тоа, тој се пресели во Барселона, каде мина четири сезони од 2013 до 2017 година. Потоа следеше рекорден трансфер во ПСЖ, каде играше од 2017 до 2023 година. Кога го напушти „Паркот на принцовите“ се пресели во редовите на Ал Хилал каде играше две години, а пред неколку недели се врати во Сантос.

Пеп Гвардиола го водеше Баерн (М) од 2013 до 2016 година. За време на неговиот тригодишен мандат, Гвардиола ја освојуваше Бундеслигата во сите три сезони. Тој исто така двапати го освои Купот на Германија во сезоните 2013/14. и 2015/16 година.Трофејниот шпански стручњак го освои и германскиот Суперкуп со Баерн во 2013 година.

На европската и светската сцена, Гвардиола го освои Суперкупот на УЕФА со Баерн во 2013 година. Истата година го освои и Светското клупско првенство на ФИФА. За време на неговиот престој во Минхен, Гвардиола постигна импресивна стапка на победи од 75%.

Особено импресивен беше триумфот на Гвардиола во Бундеслигата во 2013/14 година, кога ја обезбеди титулата по само 27 натпревари. Неговиот вкупен рекорд во Бундеслигата беше 82 победи, 11 нерешени и 9 порази.

И покрај неговите многубројни успеси, Гвардиола не успеа да ја освои Лигата на шампионите, што често се наведува како единствениот неуспех во неговиот инаку многу успешен мандат. Вкупно со Баерн освои седум трофеи, оставајќи неизбришлива трага во клупската историја.

 

ИЗДВОЕНИ