
Еден дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека бразилскиот интернационалец Неимар сонува за кам-бек во дресот на каталонскиот гигант Барселона. Искусниот напаѓач пред десетина дена потпиша за бразилскиот клуб Сантос, но истите медиуми додаваат дека Неимар планира уште еднаш да се врати во Европа и дека сака уште еднаш да се докаже во дресот на Барселона.