Неимар ги „ограби“ Саудијците, а Сантос смислил генијален план за неговата плата

222
epa11867191 Brazilian striker Neymar (C) waves during his presentation as a new Santos player at the Vila Belmiro stadium in Santos, Brazil, 31 January 2025. Brazilian striker Neymar was officially presented with Santos in front of thousands of fans. EPA-EFE/SEBASTIAO MOREIRA

Во летото 2023 година, Неимар пристигна во редовите на Ал Хилал од ПСЖ како големо засилување, а саудискиот клуб за трансферот на Бразилецот издвои дури 90 милиони евра.

Покрај тоа, Неимар доби и астрономски договор според кој беше еден од најплатените спортисти во светот. Сепак, неговото доаѓање во Саудиска Арабија се покажа како тотален неуспех за Ал Хилал.

Неимар успеа да одигра само пет натпревари пред да ги скине лигаментите на коленото што го држеа надвор од терените повеќе од една година, а кога конечно се врати на крајот на минатата година повторно се повреди.

Тоа доведе до огромно незадоволство кај навивачите на Ал Хилал, а клупските челници беа свесни дека најдобро е да го раскинат договорот на Неимар, кој беше со важност до летото оваа година.

Пред два дена и официјално беше потврдено дека Неимар повеќе не е член на овој клуб, но јасно е дека овој 32-годишник нема да мора долго да чека за новата дестинација.

Неимар одлучи да се врати во Бразил каде повторно ќе игра во дресот на Сантос каде што израсна. Токму од Сантос замина во Европа во 2013 година кога ја прифати понудата на Барселона, каде го играше најдобриот фудбал во кариерата.

Сантос и Неимар преговараа со недели и постигнаа договор. Неимар сакаше да се врати дома и му беше јасно дека никаде нема да ги добие парите што ги имаше во Ал Хилал, но неговата заработка повторно ќе биде огромна.

Имено, бразилските медиуми наведуваат дека Неимар ќе добива 163.000 евра месечно од Сантос, а остатокот од платата клубот ќе го обезбеди на генијален начин.

Неговата месечна плата повторно ќе биде блиску до милионот бидејќи Сантос прифати 90% од профитот од маркетингот да оди кај Неимар. На овој начин ќе биде покриен поголем дел од платата бидејќи се очекува Неимар да добива дополнителни 800.000 евра месечно.

Дека тоа беше одличен потег говори и фактот што Сантос за еден ден доби дури 9.000 нови членови, чија месечна членарина е околу 100 евра.

Ова не е нешто ново меѓу Сантос и Неимар бидејќи таков договор имаа уште пред тој да се пресели во Барселона. Преку маркетингот клубот тогаш покриваше 80% од неговата вкупна плата.

Само за потцетување, Неимар се договори за нереални 300 милиони за двегодишниот договор со Ал Хилал, а до раскинувањето заработил повеќе од 200 милиони, играјќи само седум натпревари.

ИЗДВОЕНИ