Нефрологот Игор Николов предложен за нов амбасадор во Франција

639

Владата на вчерашната седница го предложила доктор Игор Николов за амбасадор на Македонија во Франција, објави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за бројот на советниците на премиерот и нивните плати, Мицкоски повтори дека имињата на сите негови советници ќе бидат јавно објавени на владиниот портал.

-Еден од советниците кој имаше полно работно време како мој советник е проф. д-р Игор Николов, кој ме советуваше за здравствената политика, а чијшто договор наскоро ќе биде прекинат затоа што вчера беше предложен од Владата за амбасадор во Франција. Сите податоци наскоро ќе бидат јавно достапни за граѓаните, кратко искоментира премиерот.

Претходно, вчера, на исто прашање, премиерот изјави дека го советуваат вкупно 17 луѓе и тие земаат плата од 60.000 денари, освен тројца или четворица кои се ангажирани со цело работно време и земаат плата од 90.000 денари.

 

ИЗДВОЕНИ