Неделава уште потопло, африканскиот бран не попушта

83

Африканскиот бран, кој ја зафати Македонија, не попушта. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека неделава доаѓаат уште повисоки температури, а утре живата на терометарот ќе се искачи и до 43. степен.

– Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура, која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на  работната седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Промена на временската состојба се очекува од петок – информираат од УХМР.