Неделава сахарски песок и жолт дожд, па малку студ, а по пролетта нè чека жешко лето со суперклеточни бури

225

Африканскиот антициклон за кој постојано зборуваме, по подолго време повторно се активираше, вели српскиот метеоролог Иван Ристиќ. Според неговата прогноза, во наредните седум дена ќе имаме топло време со температури меѓу 17 и 22 Целзиусови степени, но од вторник во југозападна струја ќе почнат да доаѓаат облаци, па ќе има повремени врнежи од дожд со сахарски песок. Топлинската купола може да биде знак за интензивна топлина во лето. Ќе биде топло, првиот топлотен бран не очекува веќе во јуни. Температурите потоа ќе се движат околу 35 степени, но во јули и август ќе има температури и до 40, ако не и повисоки. Ќе има и суши. Ќе има и суперклеточни бури, ќе имаме многу интересни појави, но штетни, вели докторот по геонауки, Александар Ваљаревиќ  

 

Дел од Балканот е под таканаречена топлотна купола, па пред официјалниот почеток на пролетта температурите наликуваат на летни. Веќе се искачија над 20 Целзиусови степени, но метеоролозите потсетуваат дека сепак, далеку е летото, па за неделава прогнозираат облаци и дожд со сахарски песок, а за наредната големо, но краткотрајно заладување.

Според српскиот метеоролог Иван Ристиќ, промената на времето ќе се почувствува уште од утре, но температурите и понатаму ќе бидат пријатни.

-Над нашиот регион ќе биде стационирана термална купола или топла воздушна маса, која во комбинација со висок воздушен притисок претставува термобаричен гребен, систем во полето на притисок што го спречува продирањето на атлантскиот воздух на копно, карактеристично за пролетта, вели Ристиќ.

Тој објаснува дека топлинската купола е топол воздух што покрива поголем дел од атмосферата. Голем проблем е кога ќе се стационира. Кога ќе влезе во нашиот регион тешко се трга и преку лето може да стои еден месец или повеќе, без да се помрдне, предизвикувајќи спарина и екстремни горештини, пренесува „Блиц“.

-Африканскиот антициклон, за кој постојано зборуваме, по долго време повторно се активираше, вели Ристиќ.

Според неговата прогноза, во наредните седум дена ќе имаме топло време со температури меѓу 17 и 22 Целзиусови степени, но од вторник во таа југозападна струја ќе почнат да доаѓаат облаци, па ќе има повремени врнежи од дожд.

-Нема да биде убаво како сега, цел ден сончево и пријатно време, вели метеорологот.

Со облаците пристигнува и песок од Сахара, најавува тој.

– Го добиваме и она што не ни се допаѓа многу, а тоа е песокот од Сахара. Тие облаци ќе бидат полни со сахарски песок. Ретко кога кај нас има црвен дожд, но имаме жолт. Подоцна, кога ќе престане дождот, автомобилот ќе ви биде – не дај Боже! Така што, кој планирал да си го измие автомобилот, нека го одложи тоа за неколку денови, советува Ристиќ.

Оваа недела, според него, не треба да се очекува пад на температурата, но од сабота, 15-ти,  доаѓа постуден период.

-Од 15 до 20 март следува постуден период, се очекува пад на температурата меѓу 10 и 12 степени, можеби и пониска, а се очекуваат и врнежи од дожд. Во тој период има шанси снегот да се врати на планините, најавува метеорологот.

Вели дека до 20 март ќе има постуден период, но сè уште не се знае колку студен воздух ќе мине тогаш низ виенската порта.

-Потоа ќе можеме да кажеме дека доаѓањето на пролетта се поклопува со календарот, истакнува тој.

За летото што доаѓа вели дека ќе биде топло и бурно, со суперклеточни бури, а жешко лето најавува и српскиот доктор по геонауки, Александар Ваљаревиќ.

– Топлинската купола може да биде знак за интензивна топлина во лето. Ќе биде топло, првиот топлотен бран не очекува веќе во јуни. Температурите потоа ќе се движат околу 35 степени, но во јули и август ќе има температури и до 40, ако не и повисоки. Ќе има и суши. Ќе има и суперклеточни бури, ќе имаме многу интересни појави, но штетни. Сè уште мислам дека нешто се случува со циркулациите,  климата не е иста како пред педесет години – вели Ваљаревиќ за ТВ „Прва“.

Како што најавуваат и Ристиќ и Ваљаревиќ, ни претстои пеколно лето и огромен пораст на температурата во последните 50 години, особено на Балканот.

ИЗДВОЕНИ