Неда Украден, која е многу популарна пејачка и која со песна го разубавува животот на армија луѓе, деновиве многу тагува. Со своето потесно семејство, таа одбележа шест тажни години откако физички замина од овој свет нејзината многу сакана мајка, Анѓа.
– Времето не ги лекува раните, не ја лекува празнината што ја остава секоја мајка во семејството кога ќе почине. Човек мора да биде силен, емотивно и физички, додека да се навикне да живурка со таа болка и додека да се навикне на солзите, кои постојано течат, за сè на што ќе се сетите во врска со мајка си – вели Неда, која и овој пат не успеа, а да не заплаче.
Додека беше жива мајка ѝ, иако болна од Алцхајмер, Неда ѝ пееше една од своите најемотивни песни „Мајко, мајко“.
– Секогаш бараше да ѝ ја пеам таа песна додека нежно ме гушкаше. Во кое било време од денот или од ноќта. Јас ѝ ја исполнував желбата, бидејќи бев таква, многу поврзана со неа. Ужасно е што ја немам повеќе, пак да ја гушнам, да испијам барем кафе со неа, да ѝ ги кажам моите маки и радости. Најболен момент ми беше кога ја однесов во дом за стари лица. Постојано ме мачеа дилемите дали има смисла тоа што го направив или е некој грев? Со месеци ја водев таа битка во мојата душа – изјави тажната Неда.
И повторно напиша порака со која предизвика солзи кај многумина.
– Мајко, во твоето срце имаше топла љубов за мене. Ти ме следеше насекаде, како крилјата на анѓелите. Знам, имаше тежок живот, но никогаш не се жалеше, секогаш како сонце сјаеше на моето небо. Мила моја мамо, ти благодарам за љубовта, за поддршката, за грижата и за радоста со кои ги исполни мојот живот и животот на твојата внука и на твоите правнуци. Мајко Анѓо, анѓелу, вечно ќе бидеш во нашите срца!