„Не“ за депонија во близина на Битола!

620

На фејсбук-групата „Против депонија во Битола“, за синоќа во 18:00 часот беше најавен протест. – Не можеме да веруваме! „Не“ за депонија во близина на Битола! Во 18:00 часот, пред Општината да кажеме „не“ за дополнително труење – пишува во повикот на Фејсбук.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) велат дека се потребни над 30 милиони евра за изградбата на регионален систем за управување со отпадот за Југозападниот и за Пелагонискиот Плански Регион. – Предвидено е да биде изградена регионалната депонија на девастирано/оштетено земјиште, кое, со ваквото искористување, ќе донесе придобивки и за населението и за животната средина. На депонијата ќе завршуваат најмногу до 50 % од отпадот што се генерира од сите општините, бидејќи регионалниот систем предвидува примарна селекција на отпадот кој може да се рециклира и кој ќе заврши во инсталациите за преработка – велат од МЖСПП

 

Советот на Општина Битола достави барање до Владата за измена на локацијата за регионална депонија (рудникот „Суводол“) во Општина Новаци, како и да не биде во близина на Битола. Во барањето се посочува дека Битола веќе има еден голем загадувач – РЕК „Битола“. На фејсбук-групата „Против депонија во Битола“, за вечерва во 18:00 часот е најавен протест.

– Не можеме да веруваме! „Не“ за депонија во близина на Битола! Во 18:00 часот, пред Општината, да кажеме „не“ за дополнително труење – пишува во повикот на Фејсбук.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) велат дека се потребни над 30 милиони евра за изградба на регионален систем за управување со отпадот за Југозападниот и Пелагонискиот Плански Регион. Станува збор за средства што општините во регионите не може сами да ги обезбедат. МЖСПП, во изминатиот период, работеше на обезбедување на овие средства и на подготовка на планска документација со цел да се постигнат трајни и одржливи резултати со кои ќе се заштитат животната средина и здравјето на луѓето, а нема да биде големо финансиско оптоварување за граѓаните.

– Проектот за изградба на оваа нова санитарна депонија беше подготвен во јуни 2017 година, во рамките на проект финансиран од ЕУ, за потоа, во 2021 година, да биде ревидиран, во рамките на техничката помош финансирана од ЕБОР. Дел од средствата беа обезбедени како грант, преку ИПА-фондовите, а потоа беше потпишан договор со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) за реализирање проект за техничка помош, кој даде насоки за начинот на финансирање на регионалните системи за управување со отпадот за четири региони. Тука припаѓа и Пелагонискиот Регион, кој заедно со Југозападниот Регион претставува еден регион за управување со отпадот. По препорака од ЕБОР, депонијата „Новаци“ место да добива отпад само од деветте општини од Пелагонискиот Регион, ќе добива отпад од  18 општини од двата региона – велат од МЖСПП.

Ова е дефинирано со Планот за управување со отпадот на Република Северна Македонија 2021 – 2031 година, за кој воедно беше дискутирано на јавни расправи, преку кои се запозна целата јавност и потоа беше донесен од министерот за животна средина и просторно планирање.

Паралелно со овие процеси, тече и проект финансиран од шведската Влада (од 2023 година) со кој им се помага на сите општини од Пелагонискиот и од Југозападниот Регион да се подготват за новото регионално управување со отпадот, како и проект за зајакнување на капацитетите на општините и на јавните комунални претпријатија за подготовка за работењето на новиот регионален систем со заемот од ЕБОР.

– Ова се процеси што траат со години и општините учествуваат заедно со меѓународните и со локалните експерти во воспоставувањето на овој систем. Значи, во поставувањето на регионалниот систем се вложени големи финансиски средства и човечки потенцијал и неопходно е еднаш засекогаш да заврши процесот и управувањето со отпадот да се изведува на начин согласно со европските и со светските стандарди – велат од ресорното Министерство.

Предвидено е да биде изградена регионалната депонија на девастирано/оштетено земјиште и со ваквото искористување, ќе донесе придобивки и за населението и за животната средина. На депонијата ќе завршуваат најмногу до 50 % од отпадот што се генерира од сите општините, бидејќи регионалниот систем предвидува примарна селекција на отпадот кој може да се рециклира и кој ќе заврши во инсталациите за преработка.

– Со изградбата на регионалната санитарна депонија, ќе се создадат услови за добро и контролирано управување со отпадот, како решение на сегашните проблеми за животната средина и здравјето што произлегуваат од стотиците диви ѓубришта во Пелагонискиот Регион и особено од штетното влијание на постојната локација за отстранување отпад во Мегленци, која се користи од Општина Битола – потенцираат од МЖСПП.

Со триесетте милиони евра ќе се финансираат: изградбата на регионалниот систем (регионалната депонија и претоварните станици Дебар, Охрид и Прилеп); системите за складирање отпад, собирање кабаст отпад; затворањето на нестандардната депонија во Новаци (Мегленци); надзорот над работите за затворање на депонијата, изградбата на нова депонија и на трансфер-станици и техничката помош.

– Исто така, со овој заем, течат тендерски постапки за набавка на 83 возила за собирање отпад, 54.908 канти од 120 литри и 1.164 контејнери од 1,1 кубен метар. Дополнително ќе се набави и опрема за претоварните станици со 26 прес контејнери, 16 отворени контејнери, 8 камиони и 4 камиони за габаритен отпад. Владата донесе одлука за финансирање нов пат, кој ќе води до локацијата на регионалната депонија и кој нема да поминува низ Општина Битола и низ Општина Новаци – велат од МЖСПП.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ