„Не спијам на стадион, туку во стан и затоа ќе тужам“

61

Легендарниот бразилски фудбалер, Роберто Карлос, преку социјалните мрежи ги демантираше гласините дека спие на стадион.

Пред неколку дена се појави веста дека тој наводно се преселил во спортските објекти на шпанскиот гигант Реал (М) по разводот со Маријана Лукон, пренесува Естадио Депортиво.

Карлос на својот Твитер профил напиша објава во која се осврна на ваквите наводи.

“Ми падна во очи дека во последните денови се шират штетни и лажни приказни за мене и моето семејство. Ја ценам мојата приватност, но морам да ги демантирам лудите гласини за тоа каде живеам. Овие измислени приказни постојат само за да создадат лавина на кликови и читатели во моментов живеам во стан каде што ме згрижија членовите на семејството кои ги проверуваат споменатите наводи и можно е да поднесеме тужба“, напиша легендарниот Бразилец.

Да потсетиме, Карлос, татко на најмалку 11 деца со седум жени, се соочува со комплициран развод по повеќе од 15 години брак. Тој е во брак со Лукон од 2009 година, а се очекува разводот да биде комплициран поради поделбата на богатството на поранешниот играч, кое се проценува на околу 160 милиони долари.

Според информациите, родителите на неговата сопруга живеат во еден од неговите имоти, а Лукон престојува во главната куќа, па Карлос привремено се преселил во спортските објекти на Реал, за кои работи како член на маркетинг тимот и менаџментот. Реал во својот комплекс има спални соби со пет ѕвезди, каде играчите понекогаш ноќеваат доколку е потребно. Еден од нив, беше споменато, го користи и Карлос.

Моментално, 51-годишниот Роберто Карлос работи како амбасадор на Реал (М). Има кратка и не многу успешна тренерска кариера во Турција, каде ги водеше Сиваспор и Акисарспор. Во својата играчка кариера мина 11 години во Реал, за кои постигна 70 гола. Играше на позицијата лев бек и беше познат по силниот удар.

 

 

ИЗДВОЕНИ