Не се воздржувајте од лебот, пробувајте и уживајте: Хачапури, традиционален грузиски леб со сирење

43

Хачапури е традиционално грузиско јадење кое се состои од леб полнет со сирење, често со јајца и со путер.

Најпозната форма е „аџарски хачапури“, која има облик на чамец со фил од сирење во средината, а пред сервирањето се додава јајце и парче путер.

Јадењето е познато по својот богат, кремаст вкус на топен кашкавал, а видовите на кашкавал што се користат се разликуваат – најчести се грузиското сирење Сулгуни или Имерули.

Покрај аџарското хачапури, постојат и други форми, како што се „имерули хачапури“ (круг леб со кашкавал внатре) и „мегрули хачапури“ (со кашкавал внатре и надвор од лебот).

Погледнете како се прави ова традиционално јадење.

Состојки за тестото:

400 гр брашно
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 лажичка сув квасец
200 мл топла вода
2 супени лажици маслиново масло

За полнење:

300 гр сирење (по можност комбинација од фета и моцарела или сулгуни)
100 гр младо сирење
1 јајце за секој хачапури
2 лажици путер

Подготовка за тестото:

Во еден сад измешајте топла вода, шеќер и квасец и оставете 5-10 минути.
Додадете брашно, сол и маслиново масло, па замесете мазно тесто. Ако тестото е премногу лепливо, додадете уште малку брашно.
Покријте го тестото и оставете го да нарасне околу еден час или додека не се удвои во големина.

Подготовка на филот:

Сирењето изрендајте го или издробете го и измешајте со младото сирење додека не добиете кремаста смеса.

Обликување на хачапури:

Загрејте ја рерната на 220°C.
Тестото поделете го на два дела (за две хачапури) и секој дел развлечете го во овална форма.
Свиткајте ги рабовите навнатре за да формирате „чамец“ и погрижете се филот да не истекува.
Во средината рамномерно распоредете го филот со сирење.

Печете во загреана рерна околу 15 минути или додека тестото не порумени и кашкавалот не се стопи.

Извадете ги хачапурите од рерната и направете мала вдлабнатина во центарот на секоја, а потоа внимателно додадете по едно јајце.
Вратете ја во рерна уште 2-3 минути, додека белките малку не се стегнат, но жолчката остане течна.
Кога ќе го извадите хачапури од рерна, врз филот ставете парче путер.

Послужување:

Традиционално се јаде со откинување на парче леб и потопување во стопено сирење и жолчки од јајце.

Се служи топло со чаша јогурт, а може да додадете и лута пиперка – по желба.