Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“. Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3,35 до 4,23 часот. Во 6:21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.
Земјотресите на Санторни и Аморгод не се смируаат веќе втора недела, ама од ден во ден се се појаки и позачестени. Сега достигнаа 5,3 степени по Рихтеровата скала, што се најјаките потреси досега. Исчезна оптимизмот со кој сеизмолозите гледаа на развојот на ситуацијата и сега признаваат дека повеќе не се сигурни дека тоа е крај на агонијата на населението, туку дека станува збор за најсилниот земјотрес што се очекуваше со денови, пренесува Политика.
Во последните 48 часа земјотресите беа во близина на 4,9 степени според Рихтер и експертите не знааат како ќе се одвиваат работите во следните денови. Претпазливи се во своите проценки, бидејќи оваа серија потреси со голема јачина е нешто со кое досега не го сретнале во својата пракса.
Жителите, барем оној дел што не замина, веќе со денови живеат во страв. На голем дел од нив им студни, со денови дува урагански ветер, спијат во автомобили.
Сеизмолозите тврдат дека земјотресите немаат никаква врска со вулканските потреси и сметаат дека силните земјотреси ќе продолжат уште недеколку недели.
Досега Санторини го напуштија повеќе од 12.000 луѓе.