Рагби легендата и поранешен француски репрезентативец, Себастијан Шабал (47), за време на гостувањето во една емисија откри дека има проблеми со меморијата и дека не може да се сети ниту една секунда од кариерата.

Препознатлив во текот на кариерата по долгата коса, долгата, густа брада и немилосрдните застанувања на противниците, тој имаше успешна 16-годишна кариера во која постигна одлични резултати со Франција, а беше и шампион во англиската Премиер лига. „Човекот од пештерата“, како што го нарекуваа поради својот изглед, настапи 62 пати за Франција, а во 2007 година го освои четвртото место на Светското првенство.

  • Не се сеќавам на ниту една секунда од ниеден натпревар на кој играв. И не се сеќавам на ниту една од 62-те Марсељези кои беа одиграни. Не се сеќавам на ништо од мојата кариера. Понекогаш и кажувам на жена ми дека не играв рагби, открива Шабал и додаде дека не посетува лекари поради проблемите со губење на меморијата.
  • Зошто да се мачам? Моето сеќавање сепак нема да се врати. Повторно го откривам животот, порача Французинот.

На врвот на својата слава, Шабал исто така беше избран за најпопуларен спортист во Франција. Во оваа категорија на легенди се уште и фудбалерот Тиери Анри и иконата на рели трките Себастиен Леб.

ИЗДВОЕНИ