Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега изнесува 36,780 ден/кг.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.