“Не сакам да ги гледам фотографиите од жртвите, не ми е пријатно!“ Коста.К. продолжува да сведочи во постапката против неговите родители

31

Момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет врсници и чуварот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград за време на рочиштето во истрагата одбил да ја погледне фото-документацијата, односно сликите на убиените во масакрот што призна дека го извршил.

Како што неофицијално дознава српски Курир, тој на претходното рочиште пред Вишиот суд во Белград изјавил дека целосно стои на сведочењето што го дал тогаш.

– Не сум ги видел фотографиите по 3 мај минатата година – рекол тој, според неофицијални информации на медиумите, на распитот.

На прашањето „дали сака да ги погледне“, кратко одговорил:
– Не сакам да ги гледам, не ми е пријатно.

На конкретно прашање на мајката на еден од убиените ученици „зошто го убил нејзиното дете“, тој рече дека „не сакал да им помага на другите“.

– Кога го соочила со фактите дека нејзиниот син не само што бил талентиран и сакан во општеството, туку и дете кое му помагало на секој што барал помош, вклучително и на врсникот што го убил, тој одговорил: „Не се сеќавам на тоа што го зборуваш“ – открил соговорникот на Курир, детали од сведочењето кое било крајно потресно за родителите на убиените деца.

Сведочењето на момчето-убиец продолжува денеска во постапката против неговиот татко Владимир Кецмановиќ за тешко кривично дело против општата безбедност, односно затоа што не го обезбедил оружјето што го чувал во станот, со кое неговиот син го извршил масакрот, но и за тоа што го водел во стрелиштето и го учел да пука, како и мајката Миљана Кецмановиќ, чија ДНК била пронајдена на чаура во училницата каде што пукал во своите врсници. Како и претходното судење, кога момчето почна да сведочи против родителите, така и денешното ќе се одржи во најголемата судница на Специјалниот суд во Белград, каде Коста кецмановиќ е префрлен со возило на брза помош, во придружба на полиција, од клиниката каде престојува од 3 мај 2023 година.