Јужнокорејска политичарка му ја грабна пушката на војник пред Собранието. Ан Гви-рјеонг (35) е меѓу оние кои се соочија со војниците пред Националното собрание, а „Би-би-си“ го пренесе моментот.
Ан Гви-рјонг е портпаролка на опозициската Демократска партија, а видеото на кое таа грабнува оружје од војникот стана вирално.
„Не размислував. Знаев само дека морам да го прекинам ова“, изјави политичарката.
Во Јужна Кореја синоќа имаше апсење на опозиционери. Претседателот Јун Сук Јол, прогласи воена состојба, но брзо ја повлече одлуката.