Не поседувал автомобил, само скутер: Универзитетски професор од Франција се соочи со казна од 300.000 евра за прекршоци

109
epa09755125 A police car sits parked outside Gare du Nord train station after police intervened to stop a man wielding a knife in Paris, France, 14 February 2022. French Interior Minister Gerald Darmanin announced on social media that police intervened with weapons after being threatened by a man armed with a knife. The man was shot dead inside the train station around 7 a.m. local time. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Универзитетски професор од Франција чиј идентитет е украден се соочи со казна од 300.000 евра за сообраќајни прекршоци што не ги направил.

Професорот станал жртва на кривично дело кражба на идентитет.

Но, приказната не завршува тука – возилата регистрирани на негово име биле користени и за криминални активности како грабежи и провални кражби во Белгија.

Неговата агонија, за која ги обвинува француските власти, започнала во 2018 година.

Според него, додека бил на одмор, полицијата го контактирала за да го извести дека бројни возила регистрирани на негово име се вмешани во повеќе сообраќајни прекршоци.

Иронично, Жилијен во тоа време немал автомобил, туку само скутер, пишува француски „Монд“, а пренесува порталот Индекс.

Полициската истрага набрзо ги потврди сомнежите за кражба на идентитет.

Криминалците отвориле фирма за купување и продавање возила на негово име, користејќи ги неговите лични податоци за регистрирање дури 300 автомобили. Овие автомобили потоа се користеле за сообраќајни прекршоци, а со тоа автоматски се поврзувале и казните.

Професорот поднесе тужба против француските власти, обвинувајќи го државниот систем за пропусти. Иако доби отштета од 3.000 евра, ја смета за недоволна со оглед на тоа колкава е штетата што ја претрпел.

Дел од проблемот се чини дека лежи во францускиот систем за регистрација на возила (SIV), кој неодамна беше делумно приватизиран.

Таа транзиција предизвика технички проблеми во системот, кои сајбер-криминалците ги користеа за да извршат кражба на идентитет. Последиците од овие пропусти влијаат на зголемен број возачи во Франција.

ИЗДВОЕНИ