EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор (36) неодамна беше осуден поради силување на една девојка по име Никита Ханд. Немилиот настан се случил во Даблин, која го пријави во 2021 година, а Мекгрегор, по пресудата, тврди дека не бил виновен затоа што, тврди дека врската меѓу него и споменатата жена била доброволна.

Сепак, судот донесе пресуда спротивно од зборовите на Мекгрегор, кој е должен да ѝ плати на жртвата 250.000 евра. Но, ова е само почеток на финансиска отштета на славниот борец.

Тој и жртвата не се појавија на изрекувањето на казната на Врховниот суд, што беше досудено дека Мекгрегор е должен да плати 1,5 милиони евра како судски трошоци на Никита Ханд, откако граѓанскиот суд во Даблин донесе пресуда во нејзина корист. Мекгрегор мора да го плати тој износ на жртвата со отштетување на тие 250.000 евра. Но, ова не е крај на сериозната казна за Мекгрегор. Нему, му се заканува и казна за непочитување на судот, затоа што откако го загуби случајот ги нарече судиите – кенгури.

Сето ова не му оди во корист на деловен план. Бројни спонзори се откажаа од него поради целиот случај и не сакаат да имаат никаква врска со осудениот силувач. Меѓу нив не е и БКФЦ, организација која организира борби со голи раце.

  • Ние не навлегуваме во дискусии за тоа што навистина се случило тој ден. Конор е наш партнер и заедно ќе ја подигнеме оваа организација. Кога зборува Конор, луѓето слушаат. Не поддржуваме работи кои можеби се случиле, но во целост ја поддржуваме лојалноста. Ако сте со некого, тогаш сте во добро и зло со таа личност, не само кога работите се добри. Цело време стоиме со Конор Мекгрегор, како што тој е со нас, истакна шефот на оваа организација Дејвид Фелдман.

ИЗДВОЕНИ