Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не се планира воведување вонредна состојба доколку не се случи голем напад врз безбедносните сили.
„Веруваме дека успеавме да го спречиме тоа. Не ни паѓа на памет да воведеме вонредна состојба“, рече Вучиќ во телевизиско обраќање до јавноста во Белград ден пред најавениот голем протест во Белград предводен од студентите во блокада.
Beograd sa nestrpljenjem očekuje goste koji iz svih pravaca danima pešače ka glavnom gradu.
Dobrodošli!
Živeli studenti.
Živela Srbija. pic.twitter.com/QO0hj3TQm4— Maja Divac (@MajaDivac) March 14, 2025
Тој изјави дека собирот ќе биде обезбеден иако не бил пријавен до надлежните државни органи.
„Ги повикувам сите да го зачуваат мирот, доколку тоа не е случај, државата ќе гарантира безбедност за своите граѓани“, рече тој.
„Ќе помогнеме на секој начин собирот да биде безбеден и мирен, а целата одговорност ќе ја сносат организаторите на митингот“, додаде тој.
Тој ги повика сите да не предизвикуваат немири и нереди, а полицијата да не употребува сила непотребно, туку само во „јасни ситуации на прекршување на законите и загрозување на животот“.
Студентите кои повеќе од три месеци ги блокираат факултетите низ Србија повикаа на протест во Белград на 15 март. Нивното главно барање е кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица при уривање на бетонска настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.
Вучиќ оцени дека направил голема грешка што одлучил да помилува 12 лица, исполнувајќи го третото барање на студентите во блокадата, а како причина за жалење го наведе апсењето на опозиционер и активист во Нови Сад на 14 март.
Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека нема да има преодна влада бидејќи нема да дозволи „улицата да ги одредува правилата и иднината на земјата“.