Не може да не ви се погоди, ниту ќе ви испадне сува: Баклава без кори – сочни и вкусни парчиња по уникатен рецепт

62

Пробајте рецепт за баклава без кора кој ќе ве воодушеви.

Баклавата без кора со ореви е неверојатно лесна за правење, што е одличен избор за сите домаќинки, дури и за неискусните кои не сакаат да поминуваат премногу време во кујната.

Состојки:

100 гр мелени ореви
100 гр суво грозје
1 шолја јогурт
1 шолја масло
3 чаши млеко
3 чаши брашно
3 чаши гриз
1 прашок за пециво

Сируп:
500 гр шеќер
сок од еден лимон
500 мл вода

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад и добро измешајте. Истурете во намрсен плех или плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180 степени додека горната страна не порумени околу 30 минути. Се сече на коцки.

Растворете го шеќерот во вода и додадете го сокот од еден лимон и оставете да се вари 5 минути. Ако прелиете баклава со ладен сируп, баклавата мора да биде топла, а ако прелиете топол сируп, баклавата мора да биде ладна.

ИЗДВОЕНИ