Во зимскиот период е вистинска мудрост и благодат за здравјето ако ги ползувате плодовите од природата како зеленчукот и печурките за приготвување за заситувачки, вкусни јадења кои ги задоволуваат сите потребни за витамински, енергетски и здрав оброк.
Иако луѓето најчесто го поврзуваат со зимските туршии, карфиолот е моќен зеленчук кој може да се приготвува на најразлични начини – обаран, печен во рерна со бешамел сос, во комбинација со друг зеленчук малку пропрќен со малку маснотија и попрскан со сусам – дури и како пире наместо компир.
Состојки:
– 60 гр остро брашно
– 4 големи јајца, лесно изматени
– 370 гр презла
– 1 главица карфиол исчистена и исечкана на парчиња
– 120 мл маслиново масло за пржење
– 1,1 л доматен сос
– 90 гр ситно рендан пармезан
– 230 гр моцарела исечкана на парчиња
– сол и црн пипер по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во посебни чинии ставете ги јајцата, брашното и презлата и секое убаво зачинете го со сол и бибер.
Парче карфиол прво валкајте во брашно, па потопете во јајца, па во презла. Повторете го истото со остатокот од карфиолот.
Загрејте го маслото за пржење во голема тава на средна топлина. Додадете го карфиолот да се пржи, вртете додека не порумени. Пржениот карфиол префрлете го на хартиена крпа за да го впие вишокот масло.
Намачкајте со тенок слој сос во сад за печење 22×33 cm. Прелијте го сосот со една третина од пармезанот. Врз него наредете ги парчињата карфиол и моцарела.
Прелијте со половина од преостанатиот сос и посипете со преостанатата третина од пармезанот. Постапката повторете ја додека не ги имате сите состојки.
Ставете ја во рерна и печете околу 40 минути додека кашкавалот не порумени. Оставете го печениот карфиол да се излади неколку минути пред да го послужите.