Легендарниот руски ММА борец, Алексеј Олеиник (47), кој во својата богата кариерата има учинок од 61 победа, 18 порази и едно реми, се наоѓа во незавидна ситуација, откако неговата, сега веќе, поранешна сопруга му одземала се што спечали со текот на годните.
Неговиот договор со УФЦ истече пред две и пол години, а оттогаш само двапати се бореше во помали организации. Ова предизвика значителен пад на неговите приходи, но уште поголем проблем, како што изјави за ТВ „Меч“, е неговиот однос со поранешната сопруга, џудо борачката Татјана Олеиник.
- Не ми остана ништо, таа ми зеде се. Сè што заработив морав да им дадам на бившата сопруга и децата. Не можам да се натпреварувам како порано, стареам, здравјето не ми е најдобро, па не можам да заработам колку порано. Мислам дека затоа ме остави, започна Алексеј, па продолжи:
- Сакав да го спасам нашето семејство, но таа инсистираше на развод. И по бракот плаќав целосна алиментација, но и тоа не ѝ беше доволно. Излегува и пие секој викенд, има лоша репутација на жена. Постојано летам за САД, каде што таа живее со децата за да ги видам, но ги манипулира и не сака тие да имаат контакт со мене, додаде Олеиник.
Тој се смета за еден од најдобрите борци во историјата на спортот. Во УФЦ се бореше од 2014 до 2022 година, каде забележа девет победи и осум порази. Рускиот борец е и последниот кој му нанесе пораз на Хрватот Кро Коп во кариерата, што се случи во 2013 година.