Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ (30), продолжува да добива ќотек од своите противници во најсилната лига на светот – НБА, па поради тоа од Денвер се крајно исфрустрирани. На ова следуваа коментари на многу аналитичари кои го понижуваат Јокиќ и тврдат дека тој не треба да биде најкорисен играч (МВП) во лигата оваа сезона.
Никола Јокиќ сезонава бележи нереални бројки во НБА. Српскиот кошаркар игра навистина неверојатно и на грб ги носи Денвер Нагетс. Србинот во раце има трипл-дабл учинок, од 28,9 поени, 12,9 скока и 10,6 асистенции и е меѓу Топ3 играчи во лигата во сите три категории.
Сепак, за некои експерти и аналитичари тоа не е доволно за да се биде МВП. Има многу од оние кои го поддржуваат Шаи Гилџеус-Александар од Оклахома.
По меѓусебниот натпревар меѓу Јокиќ и Александер, во кој Тандер лесно ги совлада Нагетс со 127:103 и 40 поени на канадскиот кошаркар, се огласи контроверзниот аналитичар Стивен Смит.
Тој ја отфрли целата статистика на Јокиќ, кој на овој меч запиша 24 поени, 13 скокови, 9 асистенции, и даде пофални зборови за Канаѓанецот.
- Шаи ќе биде МВП на регуларниот дел од сезоната. Не ми е гајле што прави Никола Јокиќ, изјави прилично дрско Смит.
Гилџеус-Александер лидер на листата на стрелци во НБА лигата со 32,9 поени по натпревар, а Оклахома е лидер во Западната конференција, но без разлика, апсолутно никој не го прави тоа што го прави Никола на паркетот. Феноменалниот кошаркар има трипл-дабл учинок по натпревар и покрај сериозниот ќотек која го добива на секој натпревар. На мечот со Оклахома по телото повторно можеа да се забележат навистина брутални повреди и гребаници. Фановите на Нагетс се крајно лути поради насилните коментари како оние на Смит. Сметаат дека цел свет треба да види низ што поминува Јокиќ на натпреварите.
„Сè е јасно, продолжи да играш“, гласи коментарот на навивачите на Нагетс за бројните гребнатинки на Никола Јокиќ, кои сметаат дека српскиот кошаркар дефинитивно треба да добива поголемо внимание од судиите и почесто да оди на линијата за слободни фрлања.