Врвните спортисти често се подготвени на големи жртви за да го постигнат најдобриот можен резултат. Тоа го докажа американската триатлонка Тејлор Книб (26), која стана хит на социјалните мрежи по победата на триатлон трката на 100 километри во Дубаи.
Имено, на последната трета делница од 18 километри, таа имаше необично барање кон снимателот.
- Само што се пос*ав, можеш ли да снимаш без мојот задник? – го праша таа.
Иако нејзината искрена исповед заврши во живо, камерманот го исполни нејзиното барање.
Taylor Knibbs wins T100 triathlon title with a dominant performance while sh*thing herself. pic.twitter.com/bL97LFmaV6
— MBHTV (@_mbhtv) November 17, 2024
Инаку, пеколната трка во триатлон во Дубаи беше поделена на пливачки дел од два километра, 80 километри возење велосипед и на 18 километри трчање. По победата, таа откри дека очекувала да има стомачни проблеми во текот на трката.
- Се разбудив и не се чувствував добро. Знаев дека ми претстои тежок ден. Шокирана сум од победата, сè се соедини во последните три километри од трката, што беше брутално – изјави Книб по трката.
Како награда за големите успех и труд, со победата во Дубаи, таа заработи дури 250.000 евра. Инаку, таа освои сребро во екипен триатлон на Олимпијадата во Париз и во Токио.